ПРВ ДЕН (24.10.2025) Петок
Состанок на групата на Меѓународниот аеродром во Скопје во 14:30. Летот Скопје-Братислава е во 16:55. По слетувањето, следува трансфер од аеродромот во Братислава до хотелот. Сместување. Слободно време за прошетка во околината на хотелот, посета на некоја локална пивница или одмор.
ВТОР ДЕН (25.10.2025) Сабота
По појадокот во хотел, започнуваме со разглед на историскиот дел на Братислава со локален водич. Братислава е еден од најголемите главни градови кој се наоѓа на реката Дунав, тука ќе ги посетиме Михаеловата порта, градското собрание, универзитетската библиотека, како и сите позначајни објекти кои се наоѓаат токму во историскиот дел. По разгледот, слободно време за индивидуални активности.
ТРЕТ ДЕН (26.10.2025) Недела
По појадокот во хотел, слободно време за индивидуални активности. Во договорено време се упатуваме кон аеродромот. Летот Братислава-Скопје е во 12:50. Пристигнување во Скопје во 14:10.
Цена на аранжманот: 249€ по лице
Што е вклучено во цената
2 ноќевања со појадок во хотел со 3*
Авионски билет Скопје-Братислава-Скопје со WIZZ AIR
Рачен багаж до 8 килограми со димензии 40x30x20
Трансфер од аеродром до хотел и назад
Посета и разглед на Братислава
Лиценциран придружник
Што не е вклучено во цената
Патничко осигурување
Туристичка такса
Индивидуални трошоци (влезници за музеите)