Некогаш најпознатиот центар за рехабилитација на Балканот, по 16 години пауза, повторно е отворен за туристи – сега во комплетно ново руво. Куршумлиска Бања, лоцирана на падините на Копаоник покрај долината на Бањска Река, денес нуди современ СПА и медицински центар преку хотелскиот комплекс „Планинка“. Располага со 8 базени со термална вода, велнес содржини, и природа која повикува на целосен одмор и релаксација!
Програма на патување:
Прв ден – 06.09.2025 (Сабота) СКОПЈЕ – КУРШУМЛИСКА БАЊА
Состанок на групата во 05.30ч кај спортса сала Борис Трајковски (кај пералните). Поаѓање за Србија во 06.00ч. Дневно патување со попатни паузи и царински формалности. Пристигнување во хотел Планинка 4* и сместување по соби. Слободно попладне за одмор, релаксација и користење на СПА и велнес содржините на хотелот. Вечера. Ноќевање.
Втор ден – 07.09.2025 (Недела) КУРШУМЛИСКА БАЊА
Појадок. Ден предвиден за одмор и релаксација: користење на базените, сауни, солена соба, пешачки прошетки низ бањските паркови и уживање во природата на Копаоник. Вечера. Ноќевање.
Трет ден – 08.09.2025 (Понеделник) КУРШУМЛИСКА БАЊА – СКОПЈЕ
Појадок. Напуштање на собите според хотелско правило. Слободно време за користење СПА до заминување. Поаѓање кон Македонија во договорено време со придружникот на групата. Пристигнување во Скопје во вечерните часови.
ПРОМО цена за резервации до 15.08.2025: 189€ / 14.818 ден
Редовна цена по лице: 219€ / 16.058 ден
(за минимум 2 лица во соба, уплата во денари по курс 1€ = 62 ден)
Во цената е вклучено:
• Превоз со високотуристички автобус
• 2 ноќевања со полупансион во Хотел Планинка 4*
• Користење на сите базени со термо минерална вода
• СПА содржини: сауна, солена соба, парна бања, ледена пештера, тепидариум, Kneipp патека
• Фитнес сала, сала за игри (пинг-понг, билијард), детска игротека
• Туристичка такса
Во цената не е вклучено:
• Патничко и здравствено осигурување
• Индивидуални трошоци како пијалоци, масажи и др.
Попусти и доплати:
• Дете 2–7 год. со 2 возрасни – гратис, плаќа само превоз: 35€/2.170 ден
• Дете 7–12 год. со 2 возрасни 50% попуст
• Трет возрасен – полна цена (по барање)
• Еднокреветна соба – доплата:20€
• Одбирање седишта – 10€ (мин. 2 седишта)
• Сопствен превоз – намалување: 10€
Напомени:
• Валиден пасош (мин. 3 месеци важност) или лична карта
• Минимум 40 патници за реализација
• Резервација со 30% депозит, доплата најдоцна 20 дена пред патување
• Седишта се доделуваат по редослед на уплата, избор на седиште со доплата
• Агенцијата го задржува правото за промена на редослед на активности
• Важи според Општите услови за патување на СКТМ